Чоколадни преливи за слатки, пиварки, пици, тостови, пирошки. Ова е храната која секојдневно ја подготвуваат учениците што учат во училиштето „Лазар Танев“.
Во училиштето ги има насоките келнер, готвач, слаткар и пекар со тригодишно образование и хотелско-туристички техничар со четиригодишно образование. Во училиштето вонредно се образоваат и ученици за сите образовни профили поврзани со угостителско-туристичката дејност, како и со специјалистичко образование: готвач-специјалист, слаткар-специјалист и келнер-специјалист.
Печејќи го тестото, но и занаетот, младите готват за нив самите и за нивните професори, за цени многу пониски од оние во пекарница. Освен тоа, училиштето е реална компанија, па овде се готви и за основните училишта, за компании, за секој кој е заинтересиран за кетеринг или за нешто друго од понудите.
Прочитајте: Дали занаетчиите ќе стават клуч на врата додека трае зимата!?
Екипа на Мета.мк ги посети учениците кои готвеа храна. Работеа полни со ентузијазам, под надзор на нивни професори кои им даваа насоки. За тоа, дали младите избираат да учат да бидат готвачи и за тоа, како да се спречи заминувањето на работа во туристички места, посебно во летните месеци.
Целиот текст прочитајте го на ЛИНКОТ.