За еден денар поскапува и еуродизел (Д-Е V), а за 1,50 денари екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)
Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 од полноќ се зголемува за еден денар, а на бензинот еуросупер БС-98 за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
За еден денар поскапува и еуродизел (Д-Е V), а за 1,50 денари екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).
Литар еуросупер БС-95 од утре ќе се продава за 80 денари за литар, еуросупер БС-98 за 82,50, еуродизел БС (Д-Е V) за 81,50 и екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 81,00 денари.
Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС за 0,176 денари и еден килограм ќе чини 39,459 денари.