Многу возачи имаат навика да ја потпираат раката на менувачот, што не е добро.
Дури и во многу прирачници за сопствениците на возила се наведува да не го правите тоа. Има неколку причини зошто ова не е добро.
Прво, побезбедно е да се вози со двете раце на воланот и второ, може да го оштетите менувачот, што може да доведе до сериозни главоболки.
Оваа навика може да предизвика дополнително абење на брзините на менувачот. Вилушката на менувачот може да ги притисне ротирачките делови на менувачот, што може да резултира со дополнително абење.
Се препорачува да ги држите двете раце на воланот и да ја спуштате десната рака кон менувачот само кога е потребно, т.е. кога менувате брзини. Така, ќе бидете побезбеден учесник во сообраќајот и побрзо ќе реагирате на сите критични ситуации на патот.
извор: kajgana.com