Агенциите за недвижнини и градежниците очекуваат стабилизирање на цените на ниво повисоко за 20 отсто во однос на годините пред пандемијата, но притоа треба да се реши и урбанистичкиот хаос што владее во Скопје.
Има инвеститори коишто ја користат високата побарувачка на станови и во некои региони, како на пример во општина Центар, нудат станови со екстремна цена од 2.500 евра за квадрат, која реално не соодветствуваа на квалитетот. Забележани се и екстремно високи проценти на отстапување на квадрати на сопственици на земјиштето во однос на периодот пред пандемијата, кога највисокиот процент бил 25 отсто од изградениот објект да му припаѓа на сопственикот на парцелата, а сега надминува 35 отсто.
Урбанистичкиот хаос и профитерство во градењето, посебно во Скопје, може да се спречи. Со урбанизмот во Градот не смеат да управуваат сопствениците на градежни парцели. Таа улога да ја преземат урбанистичките власти, преку воведување на критериумот јавен интерес и квалитет на урбано живеење на прво место.
На темата издвојуваме: На улица за 300 луѓе сега живеат 3.000, може ли Скопје навистина да "издржи"!?
Според него, урбанистичките власти треба да размислуваат да го затворат Скопје за доселување, што подразбира воведување критериуми кој ќе може да се досели во градот.
– Скопје веќе нема инфраструктура да го издржи ова зголемувањето на жители. Нема јавен превоз, нема доволно објекти за сместување и образование на децата, за спорт и рекреација, а за зеленило и да не зборуваме. Оваа состојба на отворени градови ја имаа скоро сите главни градови, но потребата да се направи град хуман за живеење е да се почитува јавниот пред приватниот интерес и Скопје да стане затворен град, како што тоа веќе го направија повеќе градови кои се соочија со ваква состојба многу пред нас, појаснуваат урбанистичките ексерти.
4 од 10 станови во Центар се празни!
Податоците од пописот покажуваат дека една третина или 307.187 станови се празни, што говори дека се купени од луѓе кои своите пари одлучиле да ги вложуваат во недвижнини. Од скопските општини најмногу празни станови има Центар – 10.865 или над 40 отсто, а најмалку празни станови има Чаир – 22,5 отсто од вкупно 17.771 стан.
Според податоците на агенциите за недвижности, цените на становите се движат од 1.800 до 2.200 евра за квадратен метар во центарот и околу центарот на Скопје. Под 1.100 евра веќе и да нема станови на продажба.