Ќе дојде ли крај на „раскалашаното“ пушење, кое во послдениве години „цутеше“ во речиси сите угостителски објекти во земјава, со разно разни изговори, од тоа дека објектот е тераса, или некаков вид на заградена бавча, што во никој случај не беше тоа, а и со правење на своевидни проветрувања одвреме навреме.
Но, факт беше дека речиси секаде се пушеше, а кога ќе си дојдевте дома од забавите во клубовите, локалите или од посетите на кафеаните, вашите алишта без исклучок мирисаа на чад од цигари.
Би можело да ве интересира: Пушењето во автомобил во Германија може да ве чини 3.000 евра
Многу граѓани до Пзараниот инспекторат испратиле бројни претставки токму за пушењето во затворени простории, а новиот директор на таа институција, според нашите сознанија, решил да стави крај на неконтролираното пушење во објектите. Или, со еден збор, законите да се почитуваат, а цигарите да се пушат онаму каде што им е местото, надвор од затворените простории.
Kазните, не се воопшто мали.
Според Законот, казната за угостителскиот објект, односно правното лице кое ќе биде фатено дека таму се пуши во затворени простории, е од 2.000 до 4.500 евра, а за одговорното лице од 500 до 1.000 евра.
Но, нема да куртулат ниту самите гости кои ќе бидат „уловени“ дека пушат во затворена просторија. Односно, за физичкото лице кое ќе биде фатено како пуши во затворен објект ќе биде казнето со 100 до 300 евра, во денрска противвредност.
Целиот текст можете да го прочитате на: faktor.mk