Наместо двајцата родители, како што беше досега, отсега за остварување на правото на парична помош за новороденчиња, доволно е само едниот родител да има лична карта со постојано живеалиште во Општина Центар.
Оваа одлука за измена на Правилникот за постапка за остварување право на парична помош за новороденче во висина од 7.000 денари, која беше усвоена на последната 18-та седница на Советот на Општина Центар, значително ќе ја олесни процедурата за добивање на парична помош на родителите.
Прочитајте: Колку трае породилното отсуство во другите земји низ светот?
Во измените се додава и правото за остварување на парична помош за новороденче и за самохраните родители. Услов за остварување на паричната помош е самохраниот родител да е со постојана адреса на живеење на територијата на Општина Центар.
извор: lokalno.mk