Овој трик не бара пари, само малку време. Се што треба да направите е да го преместите мебелот. Пред радијаторот главно се поставуваат големи парчиња мебел како каучи, витрини, фотелји. На тој начин ја блокираат циркулацијата на топлиот воздух и го впиваат.
Затоа, треба да направите таков распоред што топол воздух може да циркулира без проблеми.
Би можело да ве интересира: ТРИК КОЈ ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕТЕ aко се греете на дрва - вака можете да заштедите
– Многумина не знаат дека преместувањето на мебелот е наједноставниот и потполно бесплатен начин да ја направите куќата потопла. На овој начин ќе заштедите и на сметките за струја – објаснува еден експерт.
– Софите, троседите, масите и полиците за книги можат да ја апсорбираат топлината на радијаторот и да спречат да циркулира низ просторијата. Преместувањето на големи парчиња мебел за да не се пред или околу радијаторот ќе овозможи просториите да бидат потопли – додаде друг.