Кога надвор има ниски температури и влажност, се насочуваме кон алтернативни начини за сушење алишта.
Судејќи според советите на експертите – ни најмалку. И зошто е тоа така?
Сушењето алишта на радијаторот предизвикува кондензација и мувла. А кога влажната облека се става на топол радијатор, влагата ја носи топлиот проток на воздух низ просторијата и се лепи на првата ладна површина на која ќе наиде.
Обично тоа е ѕидот, а вишокот на влага во просторијата доведува до појава на мувла на ѕидовите, што дополнително може да доведе до лупење на бојата и дамки. И не само тоа. Сушењето алишта на радијаторот може да предизвика и здравствени проблеми.
Влагата на ѕидовите, која настанува како резултат на сушење на алиштата внатре, може да биде многу опасна по здравјето.
Зголемената влажност го попречува нормалното потење, кое е клучно за терморегулација на телото, а може да се јави и замор, промени во расположението, склоност кон инфекции на респираторниот систем, дијареа, ослабен имунитет и сл.
Особено чувствителни се децата, постарите, метеоропатите, лицата со психички проблеми и астматичарите. Во случај на луѓе кои живеат со астма, присуството на мувла може да биде поттик за напад на астма придружен со кашлање, чувство на задушување и отежнато дишење.
Пар чорапи на радијаторот сигурно нема да предизвикаат поголем проблем, но обидете се да не ги сушите алиштата редовно и во големи количини на овој начин.