
За основците и средношколците завршува зимскиот распуст и од утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2022/2023 година.
Распустот беше продолжен со одлука на Владата заради функционалност на училиштата.
Би ве интересирало: МОН: До крајот на јануари исплата на ученичките и студентските стипендии и оброк
Најверојатно и учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни (петок) затоа што, како што изјави министерот за образование и наука, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови утврдени со Календарот за воспитно-образовниот процес во училиштата.
– За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Има три работни наставни денови и не гледам причина да има некаков проблем, рече министерот.
извор: sitel.com.mk