
Интернет доменот Sex.com официјално е на продажба. Претходно овој домен се продаваше за 13 милиони долари во 2013 година, а сега почетната цена е дури 20 милиони долари.
Би можело да ве интересира: Најголемиот измамник во историјата, на една лага заработил милиони
„Sex.com е едно од највредните и најпрепознатливите имиња на домени во светот и ние сме среќни што можеме да го понудиме на продажба на највисокиот понудувач“, изјави Еланаз Герами, пренесува Бизнисинфо, објаснувајќи дека ова е ретка можност за кој било поединец, компанија или бренд да поседува дел од историјата на интернет.
Легендарниот домен е првата платформа која бара лична идентификација за да се вклучи креаторот.
Ова ја прави една од најбезбедните и најпочитуваните веб-страници во индустријата.
Извор: bankometar.mk