Во најнаселениот главен град на европска држава живеат дури 12 милиони луѓе.
Главните градови на Стариот континент можат да се пофалат со своите со векови сочувани автентични стари населби. Во секој од овие т.н. стари делови оживуваат средновековни приказни, а некаде сѐ уште се слуша и тропот на витешки оклопи, дворска музика или бучава од преполните пазари.
Дваесеттиот век во Европа донесе култура на колективно живеење, а насекаде се распространија блокови станбени згради полни со живот. Надвор од градските јадра се појавија модернистички деловни градби кои вработуваат илјадници луѓи и им даваат шанса за подобар и поудобен живот.
Би можело да ве интересира: Објавена листата на најмоќни туристички градови - каде луѓето трошат најмногу пари
Како што европските држави се разликуваат по територија и население, истото важи и за нивните главни градови. Има многу мали со едвај 5-6 илјади жители, а има и многу милионски.
Вака изгледа листата на европските престолнини и нивното население. Имајте на ум дека бројките се само за градското подрачје, без околните населби (на пр. градот Париз има нешто над 2 милиона жители, но со сите приградски населби има над 12 милиони, додека Москва така би имала над 21 милион).
(по азбучен ред)
- Австрија, Виена ~1.767.000
- Албанија, Тирана ~420.000
- Андора, Андора ла Веља ~22.000
- Белгија, Брисел ~1.192.000
- Белорусија, Минск ~1.911.000
- Босна и Херцеговина, Сараево ~555.000
- Бугарија, Софија ~1.211.000
- Ватикан, Ватикан ~1.000
- Германија, Берлин ~3.500.000
- Грузија, Тбилиси ~1.062.000
- Грција, Атина ~3.090.000
- Данска, Копенхаген ~583.000
- Ерменија, Ереван ~1.060.000
- Естонија, Талин ~413.000
- Ирска, Даблин ~527.000
- Исланд, Рејкјавик ~122.000
- Италија, Рим ~2.868.000
- Латвија, Рига ~640.000
- Литванија, Вилнус ~543.000
- Лихтенштајн, Вадуц ~5.500
- Луксембург, Луксембург ~107.000
- Малта, Валета ~6.000
- Молдавија, Кишињев ~670.000
- Монако, Монако ~38.500
- Норвешка, Осло ~640.000
- Обединето Кралство, Лондон ~8.136.000
- Полска, Варшава ~1.735.000
- Португалија, Лисабон ~510.000
- Романија, Букурешт ~1.860.000
- Русија, Москва ~12.000.000
- Сан Марино, Сан Марино ~33.500
- Северна Македонија, Скопје ~540.000
- Словачка, Братислава ~420.000
- Словенија, Љубљана ~280.000
- Србија, Белград ~1.369.000
- Украина, Киев ~2.800.000
- Унгарија, Будимпешта ~1.760.000
- Финска, Хелсинки ~616.000
- Франција, Париз ~2.244.000
- Холандија, Амстердам ~822.000
- Хрватска, Загреб ~790.000
- Црна Гора, Подгорица ~186.000
- Чешка, Прага ~1.259.000
- Шпанија, Мадрид ~3.170.000
- Швајцарија, Берн ~130.000
- Шведска, Стокхолм ~960.000
Не е тешко да се заклучи дека најнаселен европски град е руската престолнина Москва, додека второто место му припаѓа на Лондон. На спротивниот крај на листата води, очекувано, градот-држава Ватикан со само илјада жители, а следуваат главните градови на Лихтенштајн и Малта.
Според последниот попис од 2021 година, македонскиот главен град Скопје има 540 илјади жители, многу под очекуваните 700 илјади. Со тоа, Скопје се наоѓа на 29-тото место.
На листата не се вклучени главните градови на Кипар и Турција, кои гографски не спаѓаат вцо Европа, како ни оние на Велс, Шкотска, Северна Ирска, Гибралтар и Фарски Острови бидејќи не се независни држави туку имаат одредено ниво на автономија.
Извор: kajgana.com