Би можело да ве интересира: Ни Босанците ни Србите - Македонците се најбараните сезонски работници во Хрватска
Кој е победник, а кој губитник од бранот на глобализацијата што започна во 80-тите години и е прашање кое долги години се поставува во дебатата дали овој процес бил лош или добар за светот.
За да се најде одговорот се користеле различни методологии, а сите покажале едно – богатите станаа побогати во глобализацијата.
Добротворната организација Оксфам во својот извештај „Опстанок на најбогатите“, објавен деновиве, го потврди тој тренд.
Најбогатите еден процент во светот зграпчиле речиси две третини од 42.000 милијарди ново богатство создадено од 2020 година, објави Оксфам на маргините на Светскиот економски форум во Давос, каде се собираат најмоќните и најбогатите луѓе во светот.
Богатството на милијардерите расте за 2,7 милијарди долари дневно, додека најмалку 1,7 милијарди работници сега живеат во земји каде што инфлацијата ги надминува платите, се вели во извештајот.
Самостојни милијардери и наследници
Еден процент од светските богаташи се состојат од милијардери кои се дури и надвор од нормалната класа на богати, па често ги нарекуваат екстремно богати или супербогати.
Меѓутоа, како на прво место стекнале толку многу богатство? Друго прашање е како го зголемуваат?
Постојат некои студии кои се обиделе да одговорат на овие прашања.
Економистот Каролин Фројнд и нејзините колеги направиле големо истражување низ годините врз основа на листите на Форбс на најбогатите луѓе во светот, па тие резултати ги надополниле со лична студија за милијардерите на листата.
Сакале да откријат дали самите стекнале богатство или го наследиле, дали се основачи или директори на фирми со огромни профити, дали имаат политички врски или се создадени во процес на приватизација.
Според нивните заклучоци, до 80 отсто од најбогатите луѓе во Русија своето богатство го стекнале преку приватизација на нафтената индустрија или преку политички врски.
Повеќе од половина од европските милијардери го наследиле своето богатство, во споредба со една третина во САД.
Најстарото богатство се наоѓа и во Европа, така што повеќе од 20 отсто од милијардерите се всушност четвртата, па дури и постарата генерација наследници на богатството, додека во САД наследеното богатство е претежно во рацете на втората генерација.
Дури и компаниите поврзани со независно стекнување богатство се постари во Европа, што укажува дека е потребно многу подолго за да се развие бизнис во Европа, односно дека развојот на една компанија во милијардерски бизнис е многу побавен на овој континент отколку во САД, каде што има многу млади успешни компании.
Целиот текст на: kumanovskimuabeti.mk