Се навршуваат 555 години од смртта на албанскиот народен херој, Ѓерѓ Кастриот Скендербег, а албанската Влада донесе одлука наставата секој понеделник да започнува со пеење на националната химна (химната на знамето), јави „Ора њуз“.
Можеби ќе ве интересира: Албанските граѓани без виза ќе патуваат во Кина
Министерката за образование и спорт Евис Куши на годишнината од смртта на националниот херој ја објави чудната одлука дека во секоја паралелка, во секое училиште во државата, во понеделниците учениците мора да ја пеат националната химна, пред да почне наставата, наведува телевизијата.
Додава дека во „рамки на владината пропаганда“, Куши објавила видео направено во различни училишта, во 12 окрузи во земјата, каде што се гледаат деца како ја пеат химната.
И со химната на знамето што ја пеат сите ученици денеска, на денот на 555-годишнината од смртта на нашиот народен херој, Ѓерѓ Кастриот Скендербег, како и со одлука химната да се пее на овој начин во секое училиште, на почеток на секоја нова наставна недела, ви посакувам убав ден, наведува министерката Куши.