Можеби ќе ве интересира: Германија очајнички бара 50.000 угостителски работници
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на првата Германско-српската стопанска комора (АХК) во хотелот Хилтон во Белград.
Германски фирми дојдоа кај нас, тие фабрики вработуваат наши работници и инженери. Денеска 8,3 милијарди евра ни е трговската размена – рече во таа прилика Вучиќ.
Според него, се очекува 100.000 луѓе од Србија да најдат работа во германски компании.
Побрзо напредувавме благодарение на германските компании кои меѓу другото ни ги променија навиките - рече Вучиќ и посочи дека тоа се пресвртни точки.
Како што истакна, важно е да продолжи соработката со германските компании.
Оваа деловна организација брои повеќе од 400 членови, а германските компании во Србија вработуваат повеќе од 70.000 луѓе. Германија е најголемиот индивидуален инвеститор во Србија, изјави Милан Грујиќ, првиот човек на АХК во Србија на првата гала вечера на АХК Србија (Германско-српска стопанска комора).
Според него, повеќето од анкетираните компании би се одлучиле повторно да инвестираат во таа земја.
Трговската размена, посочи, расте се повеќе и повеќе.
Тој им се заблагодари на српската бизнис заедница и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за поддршката.
Успехот поврзува - го посочи на крајот мотивот на АХК.
Како што претходно беше најавено, целта на овој настан е продолжување на успешниот развој и зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.