Неименуван хакер од Холандија ги украл адресите и личните податоци на сите жители на Австрија.
Хакерот ги понудил податоците на продажба на интернет форум, претставувајќи ги како: „полно име, пол, полна адреса и датум на раѓање“, на секој граѓанин во Австрија.
Украдената хакерска „збирка“ се состои од речиси девет милиони групи податоци, истакнува полицијата.
Австрија има околу 9,1 милион жители.
Би можело да ве интересира: Хакери украле повеќе од 100 милиони долари криптовалути
Хакерот на продажба ги ставил и сличните групи податоци од Италија, Холандија и Колумбија.
Бидејќи тие податоци за жителите на Австрија биле достапни на интернет, апсолутно мора да се претпостави дека сега, во целост или делумно, се во рацете на криминалци, предупредува полицијата.
Осомничениот хакер е 25-годишник, а уапсен е во својот стан во Амстердам.