
Од претстојниов викенд (4-5 февруари), недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места на ЈСП Скопје, соопштија од ова јавно претпријатие.
„Во недела, како и досега, корисниците на јавниот превоз ќе можат да вршат надополнување на електронски картички „Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна мрежа на ЈСП Скопје (маркети и трафики)“, додаваат од претпријатието.
Би можело да ве интересира: Важна вест за возачите: Сите кои имаат таблички со ознаката МК – мора да ги променат со NМК во овој рок
Прегледот на локациите од дистрибутивната мрежа е достапен на фејсбук страницата на ЈСП Скопје (www.facebook.com/jspskopjee).
Досега, дежурни билетарници на ЈСП кои работеа и во недела беа билетарниците во Ѓорче Петров, Транспортен центар и Зелено пазарче.