На повидок е уште една пропадната зимска туристичка сезона. Странски туристи нема, а нема ниту најава дека ќе дојдат.
Задоцнетите врнежи од снег, многуте инфраструктурни проблеми, старите и нереновирани сместувачки капацитети и недостигот на инвестиции се главните проблеми со кои со години се соочуваат зимските туристички центри во државата. Туристичките работници велат дека домашните ски-центри се многу скапи и поради тоа, продажбата на аранжмани оди тешко. Зошто некој би одел на Пониква кога е три пати поскапа од Златибор?
Од туристичкиот сектор велат дека е потребен развоен план, кој ќе ги убеди инвеститорите да инвестираат во нашите зимски туристички центри.
– Сè се сведува на дневни туристи од Македонија и од регионот. Има и туристи во помали групи, кои практикуваат слободно скијање, слободен сноубординг, екстремни спортови на снег, за кои нашите ски-центри се рангирани меѓу најдобрите во Европа. Но, и покрај тоа, немаме доволно туристи. Тоа се должи на недоволното вложување во сместувачки капацитети и потребата од нивно реновирање, како и нови сместувачки капацитети – вели за ВЕЧЕР Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Според него, изостануваат долгорочен план и стратегија за развој на нашите ски-центри за да можат да бидат понудени од тур-операторите и за да станат конкурентни со оние од регионот.
Целиот тескт прочитајте го на: vecer.press