Легендарниот Мајкл Џордан во минатата година заработил 2,5 пати повеќе отколку што заработил во целата негова НБА кариера како играч.
Би можело да ве интересира: На 16 години го напуштил училиштето, на 20 основал фирма – кој е милијардерот што леташе во вселената
Џордан, за време на неговата кариера која траеше од 1984 до 2002 година со два кратки прекини, заработил вкупно 97 милиони долари, но вистинското енормно богатство го стекна со својот бренд.
Џордан добива 5% од приходите од продажбата на спортската опрема под брендот Jordan, а во 2022 година брендот остварил приходи од 5,1 милијарди долари, што значи дека Мајк Џордан заработил дури 256 милиони долари, благодарение на договорот со компанијата Nike.
Во изминатите пет години брендот остварил приходи од 19,4 милијарди долари, што значи дека на сметката на најголемиот кошаркар во историјата во тој период легнале речиси милијарда долари.
Извор: kajgana.com