Можеби ќе ве интересира: Почнува исплатата на помош за граѓаните – Ова се списоците на сите кои ќе добијат пари на сметките
Досега 150 здравствени работници доброволно се пријавиле и сакаат да заминат во Турција и да помогнат во погодените подрачја од земјотресот.
Се надевам дека денеска до 12 часот ќе го имаме прелиминарниот список на доброволци и ќе го понудиме на Центарот за управување со кризи (ЦУК) кој што понатаму во комуникација со турските власти преку НАТО комуникација ќе ги известат за расположливите средства. Ги ставивме во понуда и двете комбиња кои се специјализирани за интензивна нега кои ги добивме како донација за Педијатриската клиника. Тие две комбиња кои се специјализирани и комплетирани со два тима, доктор, возач и медицинска сестра, се подготвени да заминат до погодените места, изјави Владата.
Извор: fokus.mk