Најголем пораст на бројот на вработени во ЕУ, во периодот од првиот квартал годинава до минатата година, има кај помошницитеза подготовка на храна, со раст од 25,1 отсто, објави Евростат.
Можеби ќе ве интересира: Најбарани сезонски работници во Хрватска се продавачи, келнери и магационери
На почетокот на минатата година во подготовка на храна се занимавале 1,1 милион луѓе, а во првиот квартал тоа би изнесувало 1,4 милиони луѓе.
Втор најголем раст од 15,6 отсто има во групата работници за лични услуги, што се однесува на патници, кондуктери, водичи, готвачи, келнери и шанкери, фризери, козметичари и надзорници во градежништвото и домаќинството. Во првиот квартал годинава имало 7,6 милиони.
На трето место се стручните лица од областа на информатичко-комуникациските технологии со пораст од 9,6 отсто, додека најголемо намалување на бројот на вработени во земјоделството, шумарството и рибарството е 12,6 отсто. Евростат наведува дека стапката на вработеност кај населението во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во првиот квартал годинава изнесува 74,5 отсто, што е за 0,5 отсто повеќе во споредба со четвртиот квартал од минатата година.
Промените во стапката на вработеност помеѓу четвртиот квартал од 2021 година и првиот квартал од 2022 година варираат меѓу земјите-членки на ЕУ. Најголем раст е забележан во Грција, каде во првиот квартал имало 1,8 отсто повеќе вработени отколку во последните неколку месеци од минатата година.
Следува Луксембург, каде растот е 1,1 отсто и Летонија, каде што е 1 отсто. Додека вработеноста се зголеми во 24 земји-членки на ЕУ, таа се намали во Литванија за 0,3 отсто, Данска за 0,5 отсто и Малта за 0,6 отсто. Помеѓу четвртиот квартал од 2021 година и првиот квартал од 2022 година, 3,6 милиони невработени нашле работа во ЕУ.
Во овој период невработени останале 7,2 милиони или 51,3 отсто, а 3,3 милиони невработени од работната сила преминале во економска неактивност, односно станале неактивни.
Извор: emigriko.mk