Предлогот за воведување бакшиш до 10 отсто како задолжителна ставка на фискалната сметка на српското Здружение на хотелиерско угостителство (ХОРЕС), наиде на подвоени реакции во Србија.
Едни сметаат дека таква практика постои во многу земји во светот и дека треба да се имплементира, други велат дека одлуката да му се остави бакшиш на келнерот треба да биде личен избор.
Според ХОРЕС, бакшишот треба да биде доброволен, да изнесува до 10 отсто од сметката и за него да не се плаќа данок. Здружението планира предлогот за законско воведување на бакшиш да го достави до министерствата за туризам и финансии.
Можеби ќе ве интересира: Пазарен испекторат проверува дали маржите се ограничени, кој проверува колкави се цените кои ги плаќаат граѓаните?
Претседателот на здружението Георги Генов појаснува дека предлогот се однесува на плаќање со платежни картички бидејќи бакшишот во готовина е невозможно да се контролира.
Во некои земји, како САД, бакшишот е вообичаена практика. Процентот кој се наплаќа за оваа цел во сметките изнесува 15-20 отсто од сметката.