Компанијата Google го претстави четбот сервисот Bard – нејзиниот „одговор“ на сè попопуларниот ChatGPT - и успеа со рекламата да ја загрози цената на своите акции.
Bard беше претставен на почетокот на оваа недела и беше снимено кратко промотивно видео, на кое се гледа како вештачката интелигенција одговара на прашањето „Што да му се каже на деветгодишно дете за откритијата на телескопот James Webb“.
Проблемот е во тоа што одговорот беше погрешен.
Можеби ќе ве интересира: ДИРЕКТОРОТ СИ ЈА НАМАЛИ ПЛАТАТА ЗА 98 ОТСТО, СЕ ОТПУШТААТ 1.300 РАБОТНИЦИ - Zoom кој беше „цар“ за време на ковид, сега има вишок вработени
Bard одговорил дека James Webb е првиот телескоп кој снимил планети надвор од Сончевиот Систем, а всушност тоа го направил Европскиот екстремно голем телескоп во 2004 година. Оваа грешка набргу ја укажаа астрономите на Twitter.
„Зошто не го проверивте овој факт пред да го објавите? Ако го користите Google за да ги пребарате податоците, ќе видите дека Bard погрешил. Обидете се да изгуглате кога е направена првата директна слика на егзопланета“, напиша , Крис Харисон, професор од Универзитетот Њукасл.
Цените на акциите на компанијата сопственик на Google, Alphabet, паднаа за седум отсто, намалувајќи ја пазарната вредност на компанијата за 100 милијарди долари.
„Грешката ја покажува важноста на ригорозниот процес на тестирање, кој ќе го започнеме оваа недела. Ќе ги комбинираме надворешните повратни информации со нашето сопствено тестирање за да се увериме дека Bard е високо рангиран според квалитетот, безбедноста и комплетноста на информациите од реалниот свет“, рекоа од Google.
Извор: kajgana.com