Градот Амстердам следната година ќе забрани влез на туристички автобуси. Целта е тие да не им пречат на жителите на градот.
Туристичките автобуси тешки повеќе од седум тони нема да смеат да влезат во центарот на Амстердам од 2024 година. Со тоа ќе се намали сообраќајниот метеж и загадувањето. Амстердам веќе го намали бројот на продавници за сувенири со цел да го спречи доаѓањето на туристите, но воведе и други мерки насочени кон подобрување на квалитетот на животот на локалните жители.
Би можело да ве интересира: Колку жители има секој европски главен град?
„Автобусите се корисни за превоз на ученици или стари лица до културните места во градот, но 300 до 450 туристички автобуси дневно се премногу за центарот, каде што има малку простор“, изјави советникот за сообраќај и транспорт во Амстердам, Мелани ван дер Хорст, пренесува Танјуг.
Туристичките автобуси ќе можат да паркираат на периферијата на градот, од каде туристите ќе можат да го продолжат патувањето со јавен превоз. И други туристички центри преземаа мерки против масовниот туризам.