No More Waiting - Get Hired in 10 Minutes!
По првиот успешен Virtual Open Day кој се одржа на 01.02.23, поради голем интерес од кандидатите, Мајорел закажа нова онлајн средба за сите кои имаат познавање од германски и англиски јазик.
Тимот на Мајорел Македонија на настанот ќе ве запознае со работните можности во нивната компанија и воедно ви даде можност за кратко 10-минутно интервју за работа.
Настанот ќе опфати кратка презентација за Мајорел, по презентацијата селектираните кандидати според пополнетата пријава (линк подоле), ќе имаат можност за индивидуално кратко интервју за работа.
Настанот ќе се одржи онлајн преку Microsoft Teams платформата на 01.03.23 од 16:00 – 18:00 часот.
Агенда:
- 16:00 - 16:05 – добредојде
- 16:05 - 16:25 – презентација за Мајорел и споделување искуство на вработени
- 16:25 - 16:30 – прашања
- 16:30 - 18:00 - интервјуа за работа со селектираните кандидати.
За учество во настанот потребно е да ја пополните пријавата до 26.02.23 на линкот.
До 28.02.23, пријавените кандидати ќе добијат емиал со детали и линк за вклучување во настанот.
Тимот на Мајорел ве очекува онлајн на 01.03.