Германија има сè поголем проблем со недостигот на работна сила, па Баварија отвори еден вид конкуренција меѓу сојузните држави со својата одлука да отвори специјална канцеларија за имиграција на работна сила од Балканот.
Со свои вработени и новоформирана канцеларија, Баварија сака да го олесни доаѓањето на потенцијалните негуватели и други квалификувани работници од Балканот.
„Наскоро ќе отвориме сопствена канцеларија во Албанија преку Здружението на баварската економија. Сакаме да бидеме присутни за инвеститорите и во исто време да донесеме медицински персонал и експерти во Баварија - многу побрзо отколку што амбасадата, за жал, може да направи во моментов“, изјави баварскиот премиер Маркус Содер (ЦСУ) за Германската агенција за печат.
Би можело да ве интересира: Во декември 48.913 туристи ја посетиле земјава
„Посебно бараме итно потребни експерти и ќе контактираме со амбасадите кога ќе почнеме со работа“, објасни Седер, кој изјави дека ќе се забрза процедурата за влез на работници од Балканот во Германија и Баварија.
Затоа баварскиот премиер денеска ќе ја посети Романија, а потоа и главниот град на Албанија, Тирана. Во Букурешт Содер ќе се сретне со премиерот Николае Чиука и претседателот Клаус Јоханис, а во Тирана со премиерот Еди Рама. Покрај тоа, Баварија се залага Романија да влезе во Шенген зоната без гранични контроли и Албанија да стане членка на Европската Унија.
Според Содер, новите врски со Балканот се вклопуваат во баварската соседска и партнерска стратегија. Баварија веќе има блиски врски со Австрија, Чешка, Хрватска, Бугарија и Грција.
„Баварија сака да најде нови партнери бидејќи федералната влада за жал ја запоставува Југоисточна Европа“, рече Седер.
Заднината на патувањето на Содер на Балканот е недостатокот на добро обучени работници во Баварија - особено кога станува збор за медицински сестри.
„Посебно бараме итно потребни специјалисти“, рече Содер, кој го критикуваше премногу бавното издавање на работни визи.
Германската Федерална агенција за вработување предвидува дека се потребни најмалку 400.000 нето имигранти годишно за да се одржи постојан потенцијалот на работната сила во Германија.
Извор: kajgana.com