„Неверојатно, ChatGPT би добил работно место на L3 програмер“, се вели во документот на Google, но самиот ChatGPT вели дека не може да одговара на таа човечка креативност и вештини за решавање проблеми.
Google ги „храни“ ChatGPT прашањата за интервју што им ги поставува на потенцијалните програмери и, врз основа на одговорите на вештачката интелигенција, утврди дека ќе биде ангажиран за позиција на програмер на трето ниво, според интерен документ.
Експериментот беше направен како дел од неодамнешното тестирање на Google на повеќе алатки за вештачка интелигенција што размислува да ги додаде во своите услуги. Способноста на ChatGPT да прикаже концизен и точен одговор може да заштеди време за корисниците кои обично поминуваат време гледајќи повеќе врски на Google за да ги најдат истите информации.
Можеби ќе ве интересира: Експертите предупредуваат: Вештачката интелигенција доаѓа да ја украде вашата работа
„Неверојатно, ChatGPT би ја добил работата на L3 програмер“, се вели во документот на Google. Иако третото ниво се смета за влезно ниво во инженерскиот тим на Google, просечната плата за оваа позиција е околу 183.000 долари годишно.
Интервјуто со софтверски инженер на Google главно се потпира на технички прашања, кои ChatGPT ги помина.
Иако интервјуто вклучува неколку отворени прашања (на пр. „кажи ми за ситуација кога ти...“), Facebook, Amazon и други исто така се потпираат на такви прашања, особено за лидерски улоги, што може да биде пречка за „вработување " на ChatGPT .
Но, самиот факт дека ChatGPT може да го помине овој дел од интервјуто покрена прашања за способноста на платформата да го трансформира не само Google, туку и самите инженерски работни места. Дали тоа веќе се случува, ќе се случи за пет или дваесет години?
Новинарите го прашале токму ChatGPT, дали ќе ги замени програмерите и нивниот одговор беше прилично јасен.
„Не, ChatGPT нема да ги замени програмерите. ChatGPT е алатка која се користи за автоматизирање на текстуалната комуникација и одговарање на прашања, но не може да ја замени креативноста, логичното размислување и стручноста на развивачите на софтвер. Програмерите се неопходни за креирање, тестирање и одржување на програмскиот код, додека ChatGPT е дизајниран да помогне во брзината и ефикасноста на процесот на обработка на текст“, ни одговори оваа вештачка интелигенција.
Прашавме дали ќе има таква ситуација за дваесет години, на што тој одговори дека не може со сигурност да каже, но повтори дека никогаш целосно нема да ги замени програмерите, туку ќе послужи како алатка за да им помогне.
Извор: faktor.mk