Причина е хакерскиот напад врз системот на Фондот за здравствено осигурување, иако личниот доход го добивале до 10 секој месец, до вчера на нивните сметки немало пари...
Здравствените работници сè уште не зеле плата, причина е хакерскиот напад врз системот на Фондот за здравствено осигурување, иако личниот доход го добивале до 10 секој месец, до вчера на нивните сметки немало пари.
Би можело да ве интересира: ФЗО: Се работи на враќање во функција на системот за исплата
Од Синдикатот на клинички, велат дека доколку до утре, кога е и законски утврдениот рок, не им биде исплатен личниот доход, индивидуално или групно преку нив ќе го известат Трудовиот инспекторат, да изврши надзор и да наложи исплата на платата, во спротивно ќе го тужат Фондот.
Од таму, пак, нема одговор дали ќе се запази законскиот рок и до 15-ти на вработените во Јавните здравствени установи на сметките ќе им легне платата. Веќе една недела не се исплаќаат ниту боледувањата, породилното и рефундациите.