Трошоците на живот во јануари годинава биле поголеми за дури 17,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година.
Ова го покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Од ДЗС пресметале дека индексот на трошоците на животот во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи зголемување од 17,1 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 13,3 проценти.
Можеби ќе ве интересира: Без готвач, без келнер, без кеш: Ресторан во Загреб со робот-готвач и гастономска визија од иднината
Позитивна вест во најновите податоци кои ги објавува ДЗС покажуват дека на месечна основа трошоците на животот во јануари 2023 година, во однос на претходниот месец изнесувале само 0,1 отсто.
- Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај кафето, чајот, какаото за 1,9 отсто, рибата и морските плодови за 1,6 проценти, свежото и разладеното овошје за 1,2 отсто, жестоките пијалаци за 1,1 проценти, месото за 0,6 отсто, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,5 и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,2 проценти - соопштува статистика.
Извор: faktor.mk