Православниот Велигден оваа година се паѓа на 16-ти април 2023 година, додека католичкиот Велигден се паѓа на 9-ти април 2023 година.
Велигден секогаш се одбележува во недела и секогаш се паѓа во првата недела по пролетната рамноденица, односно првата недела по полната месечина.
Временското растојание од кога до кога може да се падне Велигден е определено и се движи од 4 април до 8 мај, односно најрано може да биде три дена пред Благовец, а најдоцна два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми. Датумот кога паѓа Велигден од година во година се пресметува со пресметки врз основа на астрономски мерења, односно со користење на црковниот календар.
Велигден или Христовото Воскресение е празник со непостојан датум за празнување. Секогаш се паѓа во недела, што значи дека денот не го менува, но не е врзан за конкретен датум. Може да биде во април, а и во мај. Но, која недела и на кој датум се паѓа православниот Велигден? Многумина се прашуваат и како се определува датумот на овој празник?
Велики петок се празнува на посебен начин, а означува тажен ден бидејќи е денот кога Исус бил распнат на крст. На тој ден во црквите нема богослужба и не бијат камбаните. На Велики петок се пости, се јаде само леб и вода и се бојадисуваат јајца, обично црвени, како симбол на крвта на Исус.
Во недела кога го славиме Велигден се приготвува богата семејна трпеза и на тој ден целото семејство е заедно. Децата во дворот наоѓаат пакетчиња оставени од зајачето, а домаќинките се тепаат меѓу себе со јајца. Исто така, доколку некој тој ден ненајавено влезе во куќата, прво му се подарува јајце, па дури потоа јадење и пиење. Ова е денот кога сите се зближуваме со нашите најблиски, си простуваме, забораваме на лошото и уживаме во мирот што го носи овој прекрасен празник.
Рамноденица, полна месечина и еврејската Пасха - важни во пресметката за Велигден
Важно е да се запамети дека при одредувањето на датумот за Велигден се користат податоците од табелите (црковен календар), а не вистинската Месечина што ја гледаме. Разликата помеѓу она што го гледаме на небото и она што е напишано во календарот може да биде два дена. Оваа разлика може да изгледа мала, но ако полната месечина е во сабота, на пример - датумот на Велигден може да се помести цела недела.
Поврзаноста на овој празник со христијанството и Велигден доаѓа од традицијата дека Тајната вечера е поврзана со овој еврејски празник. Затоа, познато е дека Тајната вечера била пред распетието, така што Велигден никогаш не може да се случи пред Тајната вечера, т.е. пред овој еврејски празник.