Една неодамнешна студија сугерира дека иако пријателите можеби се првото нешто што ќе ви падне на ум кога барате работа, постои друга група на луѓе со кои треба да контактирате за да ги зголемите вашите шанси да добиете работа.
Кога бараат нова работа, многумина од нас го „разубавуваат“ своето CV и профилот на LinkedIn, контактираат со нашите најблиски пријатели и ги информираат за да ги известат доколку дознаат за отворено работно место, меѓутоа, науката сега реши да даде одговор на вечната дилема – „Кој е најефективниот начин да се најде работа?“. Истражувањето објавено во списанието Science, кое било спроведено на повеќе од 20 милиони луѓе, покажува дека треба да побарате помош од одредена група на луѓе.
Моќта на врските
Во 1973 година, американскиот социолог Марк Грановетер ја измисли фразата „јачина на слабите врски“ во контекст на социјалните контакти и тврдеше дека колку посилни се врските меѓу двајца луѓе – толку повеќе ќе се преклопуваат нивните пријателски мрежи. Едноставно кажано, најверојатно ги познавате сите пријатели на близок пријател, но малкумина негови познаници. Затоа, истражувачите од LinkedIn и од Harvard Business School, Stanford и MIT решија да соберат емпириски докази за тоа како слабите врски влијаат на наоѓањето работа.
Нивното истражување беше засновано на напорите на инженерите на LinkedIn да го тестираат и подобрат алгоритмот за препораки на платформата „Луѓе што можеби ги познавате“. Затоа, тие ги тестираа ефектите од поттикнување на формирање силни врски – препораката да ги додадете вашите блиски пријатели, против слабите врски – препораката на познаници и пријатели на пријатели. Истражувачите потоа ги следеле корисниците кои учествувале во тестот за да утврдат дали разликата во „јачината“ на контактите влијаела на резултатите од вработувањето.
За целите на студијата, користена е причинско-последична анализа со цел да се надминат едноставните корелации и да се формира врска со работодавците. На крајот, тие забележаа дека механизмот за упатување значително го обликува формирањето на врската и дека експериментот дава докази дека умерено слабите врски се поефикасни од силните врски во пронаоѓањето на потенцијален работодавец, но и дека силата на слабите врски варира во зависност од на индустријата – во дигиталната, нивната сила е најсилна.
Заклучокот е дека резултатите сугерираат дека теоријата на Грановетер е применлива и на пазарот на трудот, бидејќи врските кои најмногу помагаат во наоѓањето работа се познаниците – луѓето што ги среќавате во професионална средина или пријателите на пријателите, а не вашите најблиски пријатели. Во иднина експертите овие препораки ќе ги применуваат и на алгоритмите, за мрежите на кои луѓето бараат работа да бидат поефикасни и да им помогнат на корисниците.