Изнајдено е решение за исплата на платите во здравството, дури и ако до понеделник не се реши проблемот со системот на Фондот за здравство
Министерот за финансии Фатмир Бесими, во гостување на националниот сервис МТВ, рече дека доколку до понеделник ФЗО не го реши проблемот со хакираниот систем, средства ќе бидат префрлени директно од средствата на централниот трезор, а понатаму ќе се изврши порамнување со Фондот.
Би можело да ве интересира: 70 НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Веро и Џамбо се шират во уште еден македонски град
„Доколку набрзо (зборувам за ден два) не се отстрани проблемот со системот на ФЗО, платите ќе се исплатат од Трезорот, а понатаму ќе се направи порамнување со буџетот на ФЗО. Мора да нагласам дека ФЗО има друг систем на исплата од трезорот па затоа е проблемот. Ова е вон редовните процедури, но е во рамки на законот“, рече министерот.