Трговскиот ланец Лидл - Хрватска ги зголемува платите на вработените шеста година по ред.
Работниците во продавниците и магацините добија зголемување од 7 отсто. Покрај ова покачување, сите вработени во Лидл ќе добијат и 13-та плата, а само минатата година Лидл на платата им доплати 8.000 куни преку парични награди, бонуси за Велигден и Божиќ.
Би можело да ве интересира: ПРИВЛЕКУВААТ РАБОТНИЦИ: Бонус од 3.000 евра доколку се преселите во Баварија
„Ова зголемување на платата, исто како и 13-та плата, е уште еден начин да покажеме колку ја цениме нивната работа“, рече Борис Лозиќ, претседател на Управниот одбор на Лидл Хрватска.
Од почетокот на работата во Хрватска, Лидл систематски ги зголемува платите на своите вработени на годишно ниво. Последното зголемување на платите беше лани во март, а покрај основниот приход кој е на сите нивоа над просекот на пазарот, Лидл Хрватска на сите свои работници им овозможува и низа други поволности, како божиќен бонус, Велигден, регрес, парични награди, сезонски бонус, подароци за деца.