Љубителите на „Volkswagen“ ќе мора да плаќаат повеќе за одредени модели на возила почнувајќи од овој месец.
Се очекува од 23-ти февруари новите возила од споменатата марка да поскапат во просек за 4,4 отсто.
Најголемата европска автомобилска компанија го оправда овој потег во четвртокот со зголемување на трошоците, на пример во набавката на суровини и енергија: „И „Volkswagen“ не може да избегне висока инфлација“, се вели во соопштението.
„VW“ објасни дека се обидуваат да се спротивстават на зголемувањето на цените со долгорочни договори или зделки за да обезбедат стабилни цени на основните ресурси.
Сепак, овие трошоци не можат целосно да се надоместат. Се вели дека поскапувањето ќе важи за повеќето модели на дизел и бензин. Според информациите на германските медиуми, одредени модели на „Golf“ или „T-Roc“ ќе се наплаќаат повеќе од пет проценти поскапо.
Нарачките на многу производители на автомобили се полни, но недостигот на микрочипови и друга електроника често доведува до долго чекање. Германските медиуми јавуваат дека поради ограничената понуда поскапеле и половните возила.
Друг фактор кој би можел да ги зголеми цените на среден рок е планираното воведување на стандардот Еуро 7.
Извор: denar.mk