Фондот за здравствено осигурување на Македонија известува дека системот „Мое oсигурување" функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот.
„До овој момент Мој термин ги има преземено податоците заклучно со денешен датум. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во Мој термин. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој термин“, соопштија денеска од ФЗО.
Можеби ќе ве интересира: Ако денес нема плата во среда лекарите излегуваат на протест
Оттаму информираат дека активно работат и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации. Очекуваат во текот на денов враќање и на останатите системи. Сите информации, како што најавуваат, веднаш и благовремено ќе бидат споделени со јавноста.
Извор: vesti.mk