Повеќе од 80 проценти од вкупно 4.6 милиони Европејци кои учестуваа во онлајн анкетата сакаат да се укине летното и зимското сметање на времето кое се менува секоја година во есен и пролет.
Во анкетата на Европската Комисија, спроведена од почетокот на јули до средината на август, поголемиот дел од луѓето гласале да престане да се менува времето, а повеќето од нив сакаат да остане летното сметање на времето.
Сега само се поставува прашањето кое од тие две сметања ќе биде трајното решение.
Доколку се донесе одлука да се прифати летното сметање на времето, тоа ќе значи дека стрелките на часовникот ќе се сменат уште два пати.