Двојниот светски шампион Макс Верстапен минатата сезона ја одбрани титулата со огромна разлика пред конкурентите. Холанѓанецот доминираше во текот на сезоната и забележа 15 победи.
Покрај резултатите на патеката, тој е далеку пред конкуренцијата и во платите на возачите.
Можеби ќе ве интересира: ГОЛФОТ ПОСКАПУВА ЗА 1.500 ЕВРА! - Фолксваген во Германија ги крева цените и за дизелашите и за бензинците
Пилотот на Ред Бул заработи повеќе од 45 милиони евра во сезоната во Формула 1 во 2022 година. Секако, паричната награда на Холанѓанецот вклучува бонуси за победничките трки, пласман во топ 3, разни настани на „биковите“ и триумфи, како во индивидуална конкуренција, така и кај конструкторите.
25-годишниот Верстапен е далеку пред второпласираниот во овој поглед, Луис Хамилтон, кој заработи околу 30 милиони евра во текот на сезоната во Формула 1.
Шарл Леклер, кој минатата сезона заврши на второто место, речиси 150 бода зад Верстапен, има заработено околу 20 милиони евра, додека четврти според заработката е Ландо Норис.
Извор: a1on.mk