Македонија се соочува со дефицит на здравствени работници.
Голем е одливот на медицински сестри, односно пет до шест илјади ја напуштиле земјава последниве три до пет години. Согласно податоците од Комората на лекари, како што беше нагласено на протестот пред Клиничкиот центар кој се одржа вчера, 2 200 лекари во последните три години ја напуштиле државата.
Би можело да ве интересира: За еден месец од Клиничката болница Штип си заминале 30 вработени, во моментов болницата има 100 испразнети работни места
Здравствените работници деновиве го кренаа својот глас за повисоки плати, затоа што, како што велат, за три години, платите биле покачени само пет проценти.