Култниот бренд за брза храна „Чичко Стоилко“ се враќа во Скопје!
Како што најавија новите сопственици, легендата се враќа на ново место, со стариот автентичен вкус!
„Чичко Стоилко“ е најстариот фаст-фуд ресторан на територија на Балканот создаден во далечната 1975 година. Своевремено беше белег на старо Скопје, беше сендвичара во трафика и збирно место на младите.
Би можело да ве интересира: Приказната за симит-погачата, неодолив скопски специјалитет
-Се сеќавам сендвич со две вршли, помфрит и салата беше 50 денари, се чекаше ред, се сеќава една скопјанка.
Во минатиот век кај Чичко Стоилко се продаваа највкусните седнвичи, хамбургери и хот-дог сендвичи. Каква ќе биде понудата на новиот „Чичко Стоилко“ во главниот град останува да вкусиме и оцениме наскоро!?