Министерство за економија достави предлог до Владата да се укине мерката за субвенционирана струја за прехранбената индустрија. Анализите покажале оти голем дел од компаниите не ги намалиле цените на производите. Изјавите на пекарите дека ќе го поскапат лебот ако не добијат субвенции за исплата на платите се непотребна закана
Министерството за економија испрати предлог - одлука до Владата за укинување на мерката за субвенционирана електрична енергија за сите компании од прехранбената индустрија. Во соопштението испратено од Министерството се наведува дека нивните анализи покажале оти голем дел од компаниите кои ги користеле владините поволности не ги намалиле цените на нивните производи.
„Според анализите на Министерството за економија, кај голем дел од компаниите коишто користеа субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час, нема намалување на цените на основните прехранбени производи. Врз основа на податоците од Државниот пазарен инспекторат, предлогот на Министерството за економија до Владата е да мерката да се укине за сите компании од прехранбениот сектор“ стои во соопштението.
По предлогот на министерството за укинување на субвенциите за струја, реагираа од мелничко пекарската индустрија.