Поскапуваат краставиците во Бугарија.
За една недела цената им скокна за 27 отсто. Килограм краставици во Бугарија чини како килограм свинско месо. Oва го покажа истражувањето на „24 Часа“. Килограм краставици, без разлика дали се увезени или произведени во домашните оранжерии, на берзите се продаваат за 3 евра за килограм, а во продавниците цената им е 3,5 евра, а дури има и случаи кога се продаваат за 4 евра.
Просечната цена на килограм свинско месо во продавниците е околу 6 евра, но едвај има викенд кога малопродажните синџири немаат промоции, каде што дури и свинските котлети често чинат меѓу 3,5 и 5 евра за килограм.
Првиот човек на Државната комисија за стоковни берзи и пазари, Владимир Иванов, вели дека аномалии во оранжериското производство секогаш има во текот на сезоната. Но, како што рече досега не се забележани, бидејќи цените главно биле пониски.
Во февруари домашното производство е веќе завршено, а Турција и Грција уште ги немаат изнесено на пазарот првите количини одгледани на терен.
И во другите делови на Европа храната поскапува.