Околу 50 социјално загрозени семејства во Кочани добија по два и пол метри кубни дрво за огрев
Околу 50 социјално загрозени семејства од Кочани денеска добија по два и пол метри кубни огревно дрво со цел да може да внесат топлина во своите домови и да ја поминат зимската сезона. На листата граѓани се најдоа деца без родители, самохрани родители како и лица од социјален ризик. Ова е трета фаза од проектот, кој се спроведува на ниво на државата, а денеска заврши во Кочани. Во претходните две фази семејставата добија прехрамбени производи како и пари за плаќање на електрична енергија.
„Прво беа поделени 100 пакети со прехрамбени производи кој беа од социјален ризик, втората етапа беше со реализирање на плаќање на сметки за струја на 50 семејства во Кочани и Виница и денес на 50 семејства ќе се делат по дваипол кубика дрва. Како најпрво опфатени се во листа на корисници децата сираци кои останаа без татко, самохраните мајки и граѓани од социјален ризик.
Со денешната акција во Кочани, впрочем и заврши целиот проект кој се реализираше на територија на цела држава. Целта е семејства од социјално загрижени семејства да добијат поддршка за нормални услови за живот.
„Обезбедивме поддршка на социјално загрозените семејства низ цела држава. Денеска се наоѓаме во Кочани да ја завршиме и третата фаза од проектот и денеска сме овде за 46 семејства да добијат по дваипол кубика дрва.
Проектот продолжува и во иднина, цел месец кој за жителите од Ромската заедница е познат како месец на милост.
извор: mnet.mk
автор Лаура Стојанова