Ќе го прекинат ли компаниите производството на леб како што најавија или сепак ќе се изнајде заедничко решение со Владата. Оваа енигма се наметна по вчерашната одлука на Владата дека се замрзнуваат цените на лебот за пакување до 450 грама.
За експертите одлуката била неминовна, и велат компаниите кои би работеле со загуби можат да побараат привремено менаџирање.
- Ова е нужен и логичен потег од страна на власта во контекст кога производителите на прехрамбени производи земаа субвенции, а ништо не испорачува. Ова е еден од механизмите кои власта мораше да ги изигра, а ако производителите мислат дека ова снижување и замрзнување на цените ќе биде под нивото на рентабилност, а не под нивото на екстра профити, може да побараат од власта да воведе принудна управа, или привремено менаџирање на нивните фирми додека трае кризната ситуација со прехрамбените производи, бидејќи тие кажаа дека таа цена е под нивото на рентабилност – вели економистот Здравко Савески во интервју за Faktor.mk.
- Во иднина веројатно ќе се соочиме со дисбаланс на понудата и побарувачката, т.с. помала понуда, што може да предизвика не само пораст на цените, туку и недостиг, и затоа ова е крајно време државата да преземе нешто во врска со тоа. Ова подразбира поголем ангажман околу производството на храна, а исто така, подразбира и невообичаени мерки кои ќе бидат гаранции дека никој нема да се дрзне да остварува екстра профити во услови на криза и недостиг на производи – посочува Савески.
Целото интервју можете да го прочитате на линкот