По Италија, и Германија се спротивставија на планот за воведување забрана и бараат отстапки.
Италија и Германија се на раб да го блокираат воведувањето забрана за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година. Германија бара исклучок, а тоа се возилата кои користат климатски неутрални синтетички горива.
Да потсетиме, Унгарија и Полска претходно се изјаснија против овој план, кој ја става Европската комисија во неповолна позиција. Иако членките на ЕУ веќе го поддржаа планот, а тој беше одобрен од Европскиот парламент, очигледно има големи несогласувања. И уште следната недела, Европскиот совет требаше да го потпише планот, но Германија, чија моќна автомобилска индустрија значително придонесува за националната економија, рече дека не може да го одобри планот доколку Европската комисија не направи отстапки за синтетичките горива.
„Потребни ни се е-горива бидејќи нема алтернатива ако сакаме да управуваме со нашата флота на климатски неутрален начин“, изјави германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг за ARD и објасни: „Мораме да ги држиме отворени сите технолошки опции и исто така да ги користиме. Не ја разбирам оваа борба против автомобилите и зошто луѓето сакаат да забранат некои технологии“.
Гласањето првично беше закажано за вторник, но сега е одложено за петок, пишува Automotive News Europe. Досега две земји најавија дека нема да гласаат за забраната, Италија и Германија. Властите на ЕУ се надеваат дека Германија ќе биде убедена да гласа за регулативата, особено ако добие цврсти гаранции дека климатско неутралните синтетички горива ќе бидат изземени.
Германската автомобилска индустрија вработува 800.000 луѓе и сочинува околу 5 отсто од германската економија. Ништо не е подобро ниту во другите земји. На пример, Stellantis веќе подели 2.000 откази во Италија, а Fiat изгуби 7.000 работни места во последните три години. Ford најави намалување од 11 отсто на својата работна сила во Европа, а најголемиот дел од отпуштањата ги погодија Германија и Велика Британија.