Владата најде начин да ги принуди пекарите да ги произведуваат двата типа на леб кои се со замрзната цена од 33 денари
Донесе одлука со која се наложува тие дневно да произведуваат и испорачуваат 80 отсто од количината на овие два типа на леб кои ги произведувале во декември минатата година.
Со ова блокадата на пекарите веќе ќе може да се оквалификува како кршење на закон и инспекторатите е имаат можност да ги казнуваат.
Би можело да ве интересира: Се враќа евтината струја и преку ден, еве од кога!
Одлуката на Владата предвидува и трговците на мало кои продаваат леб да имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена. Сепак утрово рафтовите во скопските маректи на кои што тгребаше да стои лебот од 33 денари останаа празни.
Извор: livenewsto.com