
Пекарската индустрија најави дека од денеска ќе почне да испорачува бел и полубел леб по цена од 33 денари, но ќе поведе и правна постапка за наплата на штетата по владината одлука за замрзнувањето на цената заклучно со 31 мај годинава.
Утринава во маркетите белиот и полубелиот леб е нареден на полиците.
Од Владата остануваат на ставот дека со одлуката ги штитат граѓаните и велат дека прават пресметки за можно замрзнување на цената и на други прехранбени производи.