Чешка компанија која произведува воени тенкови на надувување, кои се користат за измамување на непријателските сили, вели дека нејзиниот бизнис пораснал поради војната во Украина.
Inflatech, која произведува повеќе од 30 различни лажни воени објекти, од тенкови и оклопни возила до авиони, рече дека забележале раст на бизнисот за 30% минатата година и очекуваат тој тренд да продолжи најмалку три до пет години.
Би можело да ве интересира: Јапонска филозофија која ги препороди работната средина и вработените
“Да, можам да замислам дека ги испраќаме нашите производи во земја партнер која е во неволја. А можеби веќе има нешто такво. Ако нема, сигурно ќе има”, рече шефот на компанијата Војтех Фрезер како што објави Sky News. Inflatech, со седиште во градот Децин, произведува до 50 лажни воени возила месечно. Ги продава во многу земји, а извозот мора да биде одобрен од чешката влада.
Извор: vecer.press