Најскапиот лимон на светот се одгледува во Албанија

Најскапиот лимон на светот се одгледува во Албанија

07. 03. 2023.

Најскапиот вид лимон во светот се одгледува во градот Љушња во средишна Албанија.

Сортата „Citrus australasica“ е позната и под името „кавијар лимон“ или „прст лимон“ (‘caviar lime’, ‘finger lime’), потекнува од Австралија и се продава по 87 евра за килограм по нарачка во познатите ресторани во Европа, објави Албанската радио-телевизија.

Љушња е единствената област од ова поднебје каде што австралискиот микроцитрус се приспособил на почвата и климата. Земјоделецот Клодијан Хида првите лимони од оваа сорта почнал да ги одгледува пред пет години во село близу Љушња, а првично родот го користеле тој и неговото семејство. Хида засадил 270 корени од три подвида „лимон кавијар“. Плодот е исклучително баран на странскиот пазар, особено во Италија и во Франција.

Можеби ќе ве интересира: КАФЕТО, ЧАЈОТ И КАКОТО ПОСКАПЕЛЕ: Статистика кажува кои се и другите производи

Овој лимон се разликува од тукашните лимони по тоа што од него не се цеди сок, туку се вади месестиот дел од плодот што е направен од влакна. Тоа се користи во разни салати, јадења од риба, како и за правење десерти.

Албанските ресторани сѐ уште не ја користат оваа сорта лимони поради високата пазарна цена.