Во битката со TikTok, компанијата Meta е решена нејзиниот Facebook да биде „најдоброто место за споделување на она што корисниците го откриваат“ и затоа прави интересен потег.
Помина долго време откако Messenger не е дел од мобилната апликација Facebook, речиси девет години, но сега Meta е подготвена да ги врати заедно.
„Ја тестираме можноста луѓето да пристапат до сандачето на Messenger преку апликацијата Facebook и тоа тестирање наскоро ќе биде проширено. На крајот на краиштата, сакаме на луѓето да им биде лесно да се поврзат и споделуваат содржина, без разлика дали тоа е преку Messenger апликација или директно преку Facebook“, рече шефот на Facebook, Том Алисон.
Кога Messenger беше отстранет од апликацијата Facebook во 2014 година, Meta рече дека „целта е да се развие Messenger како најдобро искуство за мобилни пораки, но и да се избегне забуна поради одделните искуства со пораките на Faceebook“.
Дали Meta има намера да ја врати можноста за размена на пораки во верзијата на мобилниот прелистувач на Facebook, сè уште не е познато. Компанијата почна да ги „турка“ корисниците кон веб-мобилната верзија кон апликацијата Messenger во 2016 година.
Од Meta велат дека преку апликацијата Facebook ќе може да се испраќаат пораки до корисниците на Instagram. Велат и дека Facebook „не е мртов“ и дека има повеќе од 2 милијарди корисници.