Компанијата „Острово Свети Марко“ го понудила на продажба истоимениот остров за околу 80 милиони евра, иако лани платила 700 илјади данок на недвижности за 2020 година, најави претседателот на општина Тиват, Жељко Комновиќ. Станува збор за остров кој некогаш бил најатрактивниот имот на туристичката компанија „Путник“ од Белград.
„Целиот остров е на продажба, а колку што знам почетната цена е околу 80 милиони евра. Општината нема големи ингеренции врз тој локалитет, но факт е дека е секако еден од најголемите ресурси во моментов и многу важен за дополнителен развој на туристичката индустрија. Порано беше исклучително популарно место за одмор, па се надеваме дека ќе го врати својот поранешен сјај“, изјави Комненовиќ за Радио Тиват.
Компанијата тогаш достави до Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам барање за издавање на урбанистичко-технички услови, а беше предвидена и изградба на хотелски комплекс со придружни објекти.
Можеби ќе ве интересира: Се продава хрватскиот „остров на љубовта“ – ценa 10 милиони евра
Вкупната површина на островот е речиси 340 илјади квадратни метри. До 200 луѓе од Тиват и соседните градови работеа на островот во текот на сезоната.
Тиватската компанија „Острово Свети Марко“ е формирана во 2007 година, кога островот, кој беше најатрактивниот имот на туристичката компанија „Путник“ од Белград, премина во рацете на групацијата „Метропол“, која беше поддржана од рускиот тајкун Михаил Слипенчук. „Метропол“ планираше на островот да изгради туристички комплекс вреден 400 милиони евра.
Според претходните извештаи на медиумите, Слипенчук по неколку години поделил делови од имотот на „Метропол“ на акционерите, а островот Свети Марко официјално дошол во сопственост на офшор компанија регистрирана во Хонг Конг, пренесува Танјуг.
Извор: biznisinfo.mk