Иако се декларира како вело град во Скопје нема пунктови каде се изнајми велосипед или пак електичен тротинет.
Ваква идеја имаше пред неколку години, но остана само декларативна заложба на дел од надлежните.
Иако градските власти го промовираат велосипедот како средство за превоз на граѓаните, се градат велосипедски патеки и поголемиот број општини доделуваат субвенции за купување велосипеди и/или тротинети, пунктови за изнајмување нема.
Еден твитерџија најави дека е на план да реализира ваков бизнис во Скопје.
Останува да видиме дали и кога ќе се реализира оваа идеја која несомнено му е потребна на Скопје. Едноставно, оној кој има желба да вози велоспед и/или тротинет, а не е во можност да си купи, да си изнајми по соодветна цена.